петок, 8 мај 2026

Црвена боја пред Министерството за правда во знак на револт на Алијанса за Албанците за листата за помилување

Објавено на

часот

Сподели

Омер Ајдини од Форумот на млади на Алијансата за Албанците пред Министерството рече дека бараат итна оставка од министерот за правда, заменик министерот и сите чинители кои ја презеле оваа иницијатива за помилување.

„Се наоѓаме пред Министерството за неправда да го изразиме својот револт во врска со иницијативата на ова Министерство за помилување на криминалците и крадците во оваа држава. Ова е кулминација и повеќе не може да се издржи. Станува збор за убиецот на малиот Алмир – Бобан Илиќ. Тоа се луѓето кои се спремни да ја згазат крвта на Алмир, нашата крв и само со единствена цел да ги чуваат своите министерски позиции. Пред Министерството за неправда симболично ја фрливме крвта на оние кои настрадаа од овие криминалци, за да ви покажеме дека се подготвени да ја нагазат оваа крв само за да ги бранат своите позиции. Бараме итна оставка од министерот, заменик министерот и целото раководство што ја презеде оваа иницијатива“, рече Ајдини.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ