По вечерашниот состанок на Централното претседателство на Алтернатива предложени се носителите на јавните функции во Владата, договорени претходно меѓу партиските лидери на oваа партија и на СДСМ, Африм Гаши и Зоран Заев.
Алтернатова вечерва соопшти:
„После една плодна и аргументирана дебата, како што е пропишано во статутот на Алтернатива, претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, ги предложи носителите на јавните функции, а Централното претседателство на Алтернатива едногласно го прифати неговиот предлог.
Иако некои позиции остануваат да се потврдат деновиве, еве некои од имињата кои ќе бидат носители на јавни функции во Собранието, Владата или во други ресори на извршната власт:
Хисни Исмаили – потпретседател на Собранието на РСМ;
Беким Сали – министер за здравство;
Адмирим Алити – министер за информатичко општество и администрација;
Џемаил Чупи – министер без ресор – одговорен за дијаспората;
Лулзим Алиу – заменик министер за образование и наука;
Абдулшиќир Абедини – заменик министер за земјоделство;
Даим Лучи – заменик министер за култура;
Орхан Муртезани – директор на МЕПСО;
Амир Елези – директор на клиничката болница во Тетово;
Дритан Беџети – директор на ПИОМ;
Мубекир Палоши – директор во АД „Железници на Македонија – Транспорт“,
Блерим Абази – директор на Управа за водење на матични книги;
Беким Емини – директор на Агенција за странски инвестиции.
На седницата беа избрани и носителите на некои други јавни институции, кои ќе бидат објавени деновиве.
На крајот претседателот Африм Гаши, честитајќи им на предложените носители на јавни функции, побара од нив задачата што им е доверена да ја вршат со достоинство, почит и во согласност со политичките и етичките начела на Алтернатива“, велат од Алтернатива.






