петок, 8 мај 2026

Алијанса за Албанците му порача на Нухиу да прецизира дали е кукавица и се крие зад Маричиќ или е марионета

Објавено на

часот

Сподели

„Последната изјава на министерот за правда, Агим Нухиу, кој слично делуваше и на 27 април, само докажува дека тој и неговите сопартијци се во Владата само за да ги легитимизираат бандитските одлуки на овој режим. Наместо да се огради, Нухиу треба да прецизира дали е кукавица и се крие зад Маричиќ или е марионета која никој не ја прашува за ништо во тоа министерство. Во секој случај, тој треба веднаш да се повлече, бидејќи и самиот призна дека не е достоен за тоа, како што никогаш досега не бил“,  се вели во реакција

Агум Нухиу, заменик-миниустерот за правда, на Фејсбук напиша дека се оградува од списокот со помилувања на осуденици потпишан од неговиот министер Бојан Маричиќ, а кој треба да биде испратен кај претседателот Стево Пендаровски. Министерството за правда предложи помилување на 48 лица.

Меѓу имињата се и бизнисменот Сеат Кочан, Александар Василевски-Нинџа, контроверзниот сведок на обвинителството за случувањата на 27 април 2017 година, Бобан Илиќ, осуден за убиството на 4 годишниот Алмир во Куманово… 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ