понеделник, 21 април 2025

Палевски: Пресудата е веќе донесена, предвреме ме осудија Спасовски и Бубевски

Пресудата е донесена на прес конференција од Гаврил Бубевски и Оливер Спасовски, рече на денешното судско рочиште првообвинетиот за двојнот убиство на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска, Љупчо Палевски образложувајќи го новото барање за изземање на судијата Ивица Стефановски поради пристрасност. Тој побара да се провери дали чаурата пронајдена до телото на Панче Жежовски е од пиштолот на еден од обвинетите, Боре Видевски. Неговата одбрана денеска не можеше да ги најде снимките со кои сакаше да докаже дека Палевски во критичниот момент бил во банка, а не дека ја убил Вања Ѓорчевска.

Објавено на

часот

Сподели

„Судијата крие оружје бидејќи не се вклопува во претходно нарачаната пресуда на прес конференција од Гаврил Бубевски и Оливер Спасовски. Доживотната робија не ме плаши ниту влијae на мене. Има докази кои судијата не сака да ги види, ниту допушта да ги презентирам. Не знам како судијата ќе ги цени доказите кога не ги прочитал“, рече Палевски.

Тој пред судот тврдеше дека судијата Ивица Стефановски е пристрастен и дека тоа е причината што бара негово изземање.

„Во однос на листата на докази поднесена од моја страна на 26 септември, судот пристрасно констатираше и донесе решение дека доказите кои се во моја корист, не можам да ги изведам затоа што се веќе биле изведени. Тоа не е точно затоа што без согласност од обвинетиот Љ.П. судијата дозволи да се читаат наслови и датуми и по една реченица без притоа да се објасни тој доказ каде е пронајден и под која околност е вештачен. Мојот обид да изнесам пред судот докази кои се во моја корист процедурално, вешто и некоректно е одбиено од процедурални причини за тоа ќе побарам и изземање на судијата Ивица Стефановски. Без моја согласност се прочитаа во сосема погрешен контекст сите 54 вештачењеа и нормално судијата одби да  добијам шанса да ги изведам истите вештачења затоа што се во моја корист. ОЈО не ги изложи тие докази како докази во моја корист туку сосема обратно ги изложи како докази против мене, и тоа е причината за изземањето“, рече Палевски.

Тој побара да се провери дали чаурата пронајдена до телото на Панче Жежовски е од пиштолот на еден од обвинетите, Боре Видевски.

Предлагам како доказ прво да се достави на физички увид на чаурата пронајдена на лице место каде што е пронајдено телото на Панче Жежовски. Во списите на предметот исто така има и вештачење на таа чаура од вешто лице каде е утврдено дека се работи за чаура од оружје 9мм и дека на истата се пронајдени траги и да се изврши споредба со базата на податоци која се води во МВР дали оваа чаура е изпукана од оружје за кое што се поседува дозвола за поседување оружје односно дали истата е испукана од пиштолот кој го поседувал Боре Видевски“, рече бранителот на Љупчо Палевски.

одбрана денеска не можеше да ги најде снимките со кои сакаше да докаже дека Палевски во критичниот момент бил во банка, а не дека ја убил Вања Ѓорчевска.

„Станува збор за видео запис од камера на сејфт сити од ден 22 ноември 2023 година, камера 67, Нов мост, железничка странца. Снимката трае 15 минути“, рекоа од одбраната на Палевски.

Предметот се наоѓа во доказна постапка, а од следната недела ќе треба да се произнесат и обвинетите кои на почетокот на судскиот процес рекоа дека не се чувствуваат за виновни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ