Жители од околните станбени згради испратиле видео материјал од кој се слушаат звуци на аларм за пожар, но не е забележан пламен. Очевидци тврдеа дека медицински персонал во паника трчал во околината на зградата незнаејќи за што се работи откако се активирал алармот.
Директорката на Инфективната Клиника, доктор Милена Стевановиќ за „Слободен печат“ изјавила дека алармот за пожар се активирал на клиниката затоа што некој од вработените лица на клиниката запалил цигара во внатрешноста на болницата.
За ваквото поведение, ќе следуваат санкции и казни, уверува Стевановиќ.
Противпожарна екипа не била повикана на местото бидејќи брзо се утврдило дека причинителот за активација на алармот е чад од запалена цигара. Ова е особено опасно, затоа што во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се лекуваат пациенти со ковид на коишто им е неопходна кислородна поддршка, а кислородот како што е познато е катализатор за ширење на пламени јазици. Опасноста од хаварија е избегната и раководството на клиниката презема мерки за санкционирање и неповторување на вакви невнимателни постапки.






