четврток, 21 мај 2026

Се препорачува трета доза вакцина за повеќе категории граѓани, не само за постарите

Објавено на

часот

Сподели

„Заклучно со 2 октомври, во државата вкупно се вакцинирани 789.802, а ревакцинирани 734.023 граѓани. Трета доза вакцина досега примиле 329 лица. Над 47% од полнолетната популација во државата примила една доза вакцина, а 44% се ревакцинирани. На територија на цела државата од вкупното население, 38,2 % примиле една доза вакцина. Според општини, најмногу вакцинирани – со две дози над 18 години: Вевчани 72,3%; над 60% Гевгелија, Демир КАпија, КАвадарци, Неготино, Охрид; Над 55% – Росоман, Ресен, Дојран, Дебарца, Богданци, Битола и Берово; Под 30% бележат Липково, Македонска Каменица, Ново Село“, вели Филипче

Во моментов има доволно вакцини, рече министерот – 260.000 дози вакцини од производителот Фајзер, 45.000 дози од вакцината Синовак и 100.000 дози од вакцината Астразенека.

„Почнувајќи од денеска вакцинацијата во главниот град се довива во седумте Поликлиники и тоа во две смени работат поликлините во Букурешт, Јане Сандански и Чаир. Во една смена работат поликлиниките во Ѓорче Петров, Драчево, Ченто и Шуто Оризари. Од петокот не функционира вакциналниот пункт во салата „Борис Трајковски“. Граѓаните секаде без закажан термин може да отидат и да примат вакцина или ревакцина“, рече Филипче.

Според министерот и последната анализа на бројот на позитивни, хоспитализирани и на смртни случаи од вакцинираните лица потврдува дека вакциниците се ефикасноси.Тој рече дека  77% од новите случаи и 79% од хоспитализираните, со ковид-19 се невакцинирани, дури 85% од смртните случаи во период од 6 август до 26 септември биле невакцинирани.

Филипче на новинарско прашање одговори дека постои и анализа на број на заболени и починати според тоа каква вакцина примиле, но дека би можел подоцна да биде објавена. Притоа нагласи дека треба да се има предвид не толку видот на вакцината туку колку од пациентите кои биле заразени или починати имале претходни болести и дали тие болести биле лекувани.

Министерот за здравство вели дека бројот на новозаразени во последниве денови е стабилен, дека и во болниците капацитетите се во стабилна состојба. 

„Вкупно имаме 580 пациенти на болничко лекување, што покажува тренд на намалување на нови хоспитализации. Главно се исполнети инфективните одделенија. Во Клиничкиот центар во Скопје пациенти има на Инфективната клиника и во приземјето во двете стари интерни одделенија, како и во ГОБ ‘8 Септември’. Што се однесува до деца на лекување тој број е мал и тие се во добра состојба. Од друга страна, кога станува збор за возрасни и тешки случаи, вештачка вентилација се применува во краен случај“, рече Филипче.

Според него, засега нема потреба од заострување на рестриктивните мерки за заштита од болеста.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ