Интересот за вакцинација значително е зголемен во последните денови и, според податоците од Министерството, вчера се вакцинирале вкупно 18.877 граѓани, од кои 12.049 примиле прва доза.
На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчерашниот ден, вакцинирани се вкупно 599.716 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.079.049 дози вакцини, а ревакцинирани се 479.333 граѓани.
Од Министерството за здравство потсетуваат дека вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата и дека само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста, се намалува шансата од заболување, како и смртен исход.
Денешниот биланс за ковид-19 во земјава е 999 новозаразени, 184 оздравени пациенти и 14 починати.






