
Само во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.475 дози вакцини, од кои 917 се аплицирани како прва доза, 2.509 се ревакцинирани, а 49 граѓани примиле трета доза вакцина.
Заклучно со 18 октомври ревакцинирани се 54% од граѓаните над 40-годишна возраст, а 33% од граѓаните од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина. Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 47%, а со две дози опфатени се 45% од граѓаните над 18 години.
Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во земјата е вакцинирана, а 35% од граѓаните во државата примиле две дози вакцина.






