среда, 20 мај 2026

Петмина обвинители вршат увид по пожарот во кој потврдени се десет жртви

Објавено на

часот

Сподели

Со полициска лента е обележан просторот околу модуларната болница во Тетово која целосно изгоре за околу 40 минути. Пожарот кој што се проширил со голема брзина е изгаснат, а сега крим – техничарите од МВР и обвинителите ќе вршат увид на местото за да утврдат од каде избувнал пожарот и која е причината.

„Тимот од петмина обвинители, заедно со екипи од надлежните институции, ги преземаат сите дејствија во насока на утврдување на причините за настанатиот пожар“, информира вечерва Јавното обвинителство.

Во Тетово на местото каде беа сместени пациенти болни од ковид-19 пожарот е целосно изгаснат, а од модуларната болница речиси и да не остана ништо. За сега официјалните информации од министерот за здравство, Венко Филипче се дека официјално потврдено е дека има 10 починати во стравотниот пожар. Точната бројка на пациенти кои биле сместени во модуларната болница за сега не се знае. Надлежните официјални информации најавија за утре.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ