Портпаролот на Основниот суд-Штип, воедно и претседател на Кривичниот совет, судијата Сашко Георгиев информираше дека денеска е објавена пресудата против П.С. од Охрид за кривично дело измама. Во писменото соопштение Георгиев наведува дека продолженото кривично дело е сторено кон осум оштетени граѓани од Штип и Виница во период на јануари 2026 година.
„На начин што телефонски се јавувал на лица од постара возраст и им прикажувал лажни факти за штетата на својот имот, доведувајќи ги во заблуда и кажувајќи им дека нивната ќерка има скршеница на нога и оти е потребна итна операција и за тоа се потребни пари. Штетата за сите осум оштетени изнесува 3.472 906 денари или околу 56.000 евра“, соопшти Георгиев.
Судот одлучи и притворот на неправосилно осудениот П.С. да биде продолжен сѐ до правосилноста на пресудата.
МИА






