„Си Џинпинг никогаш не ми го кажал тоа“, изјави Трамп на денешната прес-конференција во Белата куќа, пренесува Украинска правда.
Фајненшл тајмс претходно објави, повикувајќи се на свои извори, дека кинескиот лидер ја дал таа изјава за време на обемните разговори со Трамп, во кои била отворена и темата за Украина.
Трамп претходно изјави дека за време на минатонеделната посета на Пекинг разговарал со Си Џинпинг за војната во Украина и дека двајцата се согласиле оти борбите треба да завршат, но не изнесе дополнителни детали.






