Според информациите од тамошните медиуми, Кузмановски ќе го носи дресот на Кувајт Клуб на Азискиот шампионат кој ќе се одржи во јуни. Македонецот ќе биде едно од главните засилувања на тимот, а во клубот веќе пристигнаа и неколку познати ракометни имиња.
Покрај Кузмановски, за Кувајт Клуб ќе играат и Франкис Марзо од Катар, Црногорецот Владан Липовина, како и португалскиот репрезентативец Виктор Итуриза.
Тимот ќе настапува во групата Б, каде што ќе се соочи со Ал Араби од Катар, Ал Најма од Бахреин и Ал Калејџ од Саудиска Арабија. Интересно е што на клупата на Ал Араби се наоѓа македонскиот стратег Данило Брестовац.
Токму против Ал Араби, Кузмановски и неговиот нов клуб ќе го отворат турнирот. Азискиот шампионат ќе се игра од 6 до 15 јуни во Кувајт и важи за едно од најсилните клупски натпреварувања на континентот.






