среда, 20 мај 2026

Њујорк се врати од „минус 22“ и го победи Кливленд во источното финале (ВИДЕО)

Њујорк Никс направи неверојатен пресврт и со победа од 115-104 по продолжение против Кливленд поведе со 1-0 во финалето на Источната конференција.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Кавалирси во последната четвртина имаа огромни 22 поени предност и беа блиску до брејк во „Медисон Сквер Гарден“, но Никси приредија спектакуларен камбек. Домашниот тим влезе во серија од 18-1, успеа да избори продолжение, а таму целосно го скрши противникот.

Кливленд од водството од 93-71 до крајот на мечот постигна само 11 поени, од кои едвај три во дополнителните пет минути.

Џејлен Брансон беше херој на Никс со 38 поени, Микал Бриџис додаде 18, а Ануноби, Таунс и Џош Харт уфрлија по 13 поени. Кај Кливленд, Донован Мичел постигна 29 поени, додека Харден и Мобли мечот го завршија со по 15.

Вториот натпревар од серијата повторно се игра во Њујорк.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ