петок, 22 мај 2026

Околу 140.000 граѓани ќе добијат термин за вакцинација во следните две недели

Објавено на

часот

Сподели

Филипче најави дека прво ќе бидат вакцинирани повозрасните граѓани, а потоа и помладите. Од понеделник почнува и вакцинацијата на наставниците и професорите кои не примиле вакцина.

Вакцинирањето на наставниците засега нема да биде задолжително, но граѓаните треба да бидат свесни за важноста на вакцинацијата, нагласи Филипче одговарајќи на новинарско прашање.

Списокот на пријавени за вакцинација е ревидиран и останати се околу 140.000 граѓани од сите возрасти кои ќе добијат термин за вакцинирање во следните две недели.

Филипче најави дека се подготвува системот и за теренска вакцинација.

„Кога ќе се истрошат сите термини со сите пријавени, пунктовите ќе бидат отворени”, рече Филипче.

Вакцини има сосема доволно, од наредните недели ќе стигнуваат неделно по 70 до 100 илјади и тоа се предвидените количини потебни од јули до почеток на октомври, рече министерот.

Повтори дека се останува на ставот Астра Зенека да се дава само на лица над 60 години и дека сите оние кои добиле Астра Зенека во нашата земја имаат закажан термин за ревакцинација и има обезбедено количина.

„Нема група на граѓани за коишто не е обезбедена ревакцината и во моментот кога вакцината ја примиле. Меѓутоа, засега нема промена во стручниот став. Сепак, Комисијата останува на таа одлука да ја примаат само постарите граѓани“, појасни Филипче.

Министерот укажа на тоа дека според последната комуникација летово се останува на ставот во затворени простории да не се одржуваат масовни собири, и дека седница Комисијата ќе има во понеделник.

Директорот на Институтот за јавно здравје Шабан Мемети оцени дека бројот на заболени се намалува што оди во прилог на почитување на мерките на граѓаните. Забележано е и намалување на бројот на починати.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ