петок, 22 мај 2026

Познат составот на Англија за СП, Тухел со неколку изненадувања

Томас Тухел го објави конечниот список на Англија за Светското првенство во САД, Канада и Мексико, а најголемо внимание привлекоа неколкуте звучни изоставувања.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На списокот овојпат ги нема Кол Палмер и Фил Фоден, фудбалери кои во изминатиот период беа стандарден дел од англиската репрезентација. Надвор од составот остана и дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер. Од друга страна, повик доби Џон Стоунс и покрај тоа што имаше сезона исполнета со проблеми и мала минутажа во Манчестер Сити.

Тухел од редовите на Астон Вила повика тројца фудбалери, Езри Конса, Морган Роџерс и Оли Воткинс, додека во нападот главни адути ќе бидат Хари Кејн, Букајо Сака и Маркус Рашфорд.

Германскиот стратег очигледно се одлучи за комбинација од искуство и брзина во офанзивниот дел, со цел Англија да нападне висок пласман на претстојниот Мундијал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ