петок, 22 мај 2026

Поранешни менаџери на ТЕЦ Неготино земале и плата и апанажа, ДКСК ги пријави во Обвинителството

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) одлучи да поднесе пријава до Јавното обвинителство против поранешни членови на управен и надзорен одбор на ТЕЦ „Неготино“. Како што кажа на денешната седница членот на ДКСК, Сервет Демири, целата документација ќе биде поднесена за постапување до надлежното Јавното обвинителство.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„Во ДКСК пристигна пријава од непознат поднесител против лица од поранешниот управен одбор на ТЕЦ Неготино, воедно распоредени и на директорски позиции во организациски единици. По статусната промена и соединувањето на ТЕЦ Неготино кон ЕСМ, по престанок на функциите, како членови на управниот одбор овие лица останале во работен однос во ЕСМ, што било незаконски бидејќи вработувањето во трговските друштва во државна сопственост единствено е преку јавен оглас. Оправдување за таквиот начин на вработување биле менаџерските договори врз основа на кои им било овозможено да изберат дали ќе останат во ЕСМ или ќе се вратат на старите работни места од каде што дошле пред изборот. Дополнително во пријавата, лицата добиле средства во вид на апанажа врз основа на менаџерски договори во висина од целосни 12 плати, што претставуваат дополнителни приходи на редовната плата што ја добивале, а тоа значи дека како вработени во ЕСМ добивале редовна месечна плата и плус една плата во согласност со менаџерските договори. По разгледување на документацијата, ДКСК утврди дека наводите се потврдуваат и во согласност со Законот за спречување корупција и судир на интереси против пријавените лица ќе иницира постапка до надлежен орган“, информира Демири, кој заедно со другите членови на ДКСК донесоа едногласна одлука за поднесување пријава до Јавното обвинителство против поранешни членови на управен и надзорен одбор на АД ТЕЦ „Неготино“.

На денешната седница ДКСК разгледа и пријави поврзани со неподнесување изјави за имотна состојба на функционери, предмети за корупција и судир на интереси во разни сфери.

„ДКСК редовно ги следи изданијата на ‘Службен весник’ во однос на исполнувањето на законската обврска за пријавување на имотната состојба и судир на интересите во законски определен рок на лица по нивниот избор или престанок на функцијата. За февруари, констатиравме дека 43 лица, кои се именувани или разрешени во февруари, не ја исполните законската обврска и за нив ќе биде издаден прекршочен платен налог, кој е казнив“, истакна претседателот на ДКСК, Адем Чучуљ.

Државната комисија за спречување на корупцијата денеска донесе решение за запишување на Билјана Јовановска од Скопје во регистерот на лобисти, лоби-организации и лобирање, која како лобистка се регистрира за вршење лобирање во областа труд и социјална политика.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ