На прашањето дали ќе присуствува на свадбата на неговиот син, Доналд Трамп рече дека ќе се обиде да дојде, но дека времето не му е погодно. „Би сакал да дојдам. Ќе се обидам. Реков, времето не ми е многу погодно. Се занимавам со нешто што се вика Иран и други работи. Тој е некој што го познавам многу долго време“, рече Трамп.
Reporter: Are you attending your son’s wedding?
Trump: He’d like me to go. I’m going to try. I said, this is not good timing for me. I have a thing called Iran and other things. He’s a person I’ve known for a long time. pic.twitter.com/mMR2p9TwVW
— Clash Report (@clashreport) May 21, 2026
Извор за Си-ен-ен изјави дека долго време се очекувало Трамп да не присуствува, делумно затоа што двојката сакала многу приватна церемонија. Неговото доаѓање не било наведено во јавниот распоред на претседателот.
„Без разлика како да го свртам, не можам да победам. Ако дојдам, ќе ме убијат. Ако не дојдам, повторно ќе ме убијат“, рече претседателот за потенцијалното негативно медиумско внимание. Си-ен-ен побара коментар од Белата куќа и претставниците на Трамп Џуниор.
Извори велат дека Трамп Џуниор и Андерсон се надевале дека деталите од свадбата ќе ги заштитат од медиумите, за настанот да остане ексклузивен и повлечен. Ова, исто така, би ги намалило безбедносните ризици и би им овозможило на гостите да ги избегнат непријатностите што доаѓаат со силното обезбедување поради присуството на претседателот. Се очекува браќата и сестрите на Доналд Трамп Џуниор да присуствуваат на свадбата.
Ова ќе биде втор брак на Трамп Џуниор. Претходно беше во брак со Ванеса Трамп 12 години, а се разведоа во 2018 година. Ванеса Трамп во среда објави дека ѝ е дијагностициран рак на дојка. Од 2020 до 2024 година, Трамп Џуниор беше свршен со Кимберли Гилфојл, поранешна сопруга на гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, која сега е американска амбасадорка во Грција.






