Министерството за здравство соопшти дека на состанок на министерот Венко Филипче со директорите на Здравствените домови и членови на Националната работна група за ковид-19 вакцинација, биле утврдувани насоките за организација на тренска вакцинација која треба да започне од следната недела.
Здравствените домови до петок треба да изготват план и организација за секој ден, време и место на теренската вакцинација. Граѓаните кои ќе ја примаат првата доза вакцина на мобилен пункт, истите и ќе се ревакцинираат на терен.






