Заклучно со 19 октомври вкупно се вакцинирани 800.103 граѓани, ревакцинирани се 764.953, а трета доза примиле 1.292 граѓани. Ревакцинирани се 54% од граѓаните над 40-годишна возраст, а барем една доза вакцина примиле 33% од граѓаните од 18 до 39 години.
Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57%, а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.
Заклучно со 17 октомври, со една доза на вакцина против ковид-19 вакцинирани се 48,4% од населението над 18-годишна возраст, при што една доза вакцина примиле 33 отсто од лицата на возраст од 18 до 39 години, а 57 проценти од граѓаните над 40 години, покажуваат податоците од Министерството за здравство.
Според последните податоци, најмногу граѓани вакцинирани со прва доза има во Охрид (65,1%), Кавадарци(65,3%), Неготино(66,3%), Гевгелија(62,4%) и Ресен(60,6%). Од 50-60 проценти од населението прва доза примиле во Битола, Кичево, Велес, Берово, Пехчево, Прилеп, Крушево, Скопје, Валандово, Штип и Пробиштип. Помеѓу 40-50% опфат на вакицинирани граѓани има во градовите Кичево, Св.Николе, Кочани, Виница, Делчево, Крива Паланка, Струга, Македонски Брод и Тетово. Помеѓу 30-40%, односно најмалку вакцинирани во моментов има во Куманово, Кратово, Дебар, Струмица, Гостивар и Радовиш.
Од Министерството велат дека вакцинацијата тече без проблеми и дека граѓаните во постојните вакцинални пунктови во државата, може да се вакцинираат без да закажат термин. Притоа се додава дека вакцини има доволно и истите се достапни за сите што сакаат да се вакцинираат.







