четврток, 21 мај 2026

Филипче ќе препорача на партиските собири да се почитуваат мерките против ковид

Објавено на

часот

Сподели

Филипче вели дека на некои од собирите се барале сертификати, дека имало и почитување на протоколите, но тој и се согласи дека забелешките од новинарите се издржани.

Според министерот нема показатели дека партиските собири на отворено придонеле за зголемување на бројот на новозаболени во земјава и рече дека верува оти најголемиот број од учесниците во кампањата се имунизирани на ковид-19.

Инаку, деновиве во јавноста постојано се критикуваат политичките партии и од власта и од опозицијата затоа што камерите покажуваат дека не се одржува дистанца ниту меѓу учесниците на собирите, ниту меѓу публиката, а граѓаните во изјави за медиумите велат дека никој не им побарал сертификат за примена вакцина против ковид-19.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ