четврток, 21 мај 2026

Дневно за ковид-19 ќе се тестираат по 1.600 ученици, изјави Филипче

Објавено на

часот

Сподели

„Тестирањето ќе се врши по случаен избор на ученици, според регистарот на Е-дневник, а родителите ќе треба да потпишат согласност за учество на тестирање на децата. Доколку некој од родителите одбие, ќе има заменски примерок од каде ќе се избира следното дете за тестирање“, информира министерот за здравство д-р Венко Филипче.

Децата од посебните училишта и училиштата каде просечниот број на ученици во одделение е помал од 10 деца ќе бидат исклучени од овој процес од причина што станува збор за помали рурални места каде учат многу мал процент од сите ученици и во места каде инциденцата на вирусот е многу ниска.

На новинарско прашање Филипче одговори дека во промили се бројките на заразени ученици, но и нагласи дека е тешко да се одговори колку деца се и носители на вирусот, ниту пак колку тоа се должи на трансмисија внатре во училиштата.

„Целта на скринингот е да се откријат асимптоматските случаи меѓу децата за да се направат анализи и да се види има ли потреба од други мерки“, рече Филипче.

Министерот рече дека не очекува отпор од родителите бидејќи станува збор за лесна и кратка постапка на земање брис.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ