четврток, 21 мај 2026

Царовска: Извидничкиот камп не е поврзан со МОН, сексуално образование има во 4 училишта и тоа е превенција од други типови насилство

Објавено на

часот

Сподели

На прашање како овој случај ќе влијае на процесот на сексуално образование и дали можеби ќе се појави недоверба кај родителите, министерката посочи дека од него се оградија и ХЕРА и Фондација „Отворено општество”, и Градот Скопје, што, како што рече, укажува на тоа дека никако тоа не е поврзано со сексуално образование.

„Сексуално образование како пилот-фаза се случува во четири училишта. Таму искуствата на Бирото за развој на образование со 14-те наставника кои што го спроведуваат засега е одлично, дава позитивен фидбек од страна на учениците, родителите и наставниците и очекуваме кога ќе заврши целата таа пилот-фаза, во тек е истражувањето за тоа какви се постигнувањата, ќе бидат јавно достапни постигнувањата и понатаму ќе се одлучува што со тој предмет“, изјави Царовска.

Дополни дека е важно дека во содржините на сексуално образование имаме недискриминација, почитување, родова рамноправност, или еднакви улоги на мажите и жените, можност и очекувања од момчињата и девојчињата во училиштето, ненасилство, што, како што кажа, укажува дека сексуалното образование е превенција од сите типови насилство кои што може на учениците да им се случат, но, исто така, и ученици кои што од незнаење може да предизвикаат трауми и насилство врз други ученици и нивните пријатели.

„Сето тоа е во програмата која што е пилот за сексуално образование и никако не е поврзана со извидничкиот камп или методите и техниките коишто ги користеле. Затоа, велам, ако е нешто во формален систем, ако е поминато низ Бирото за развој на образование тогаш ги содржи компонентите препорачани од УНЕСКО, од СЗО, од УНИЦЕФ, кои што се значајни за развојот на нашето образование сите тие препораки навистина треба да се спроведат на соодветен начин и од страна на наставници коишто се обучени за истото“, рече Царовска.

Случајот го објави „Слободен печат”, во чија редакција се обратил родител, а според неговите тврдења на кампот во близина во Скопје имало непримерни активности во кои малолетници меѓу другото ги боеле своите полови органи и оставале отпечатоци од нив на хамер и симулирале секс позиции, под превезот на сексуална едукација.

Тој сведочел дека неговата малолетна ќерка на кампот, кој се одржал изминатиот викенд доживеала шок и трауми на извидничкиот камп организиран во близина на Скопје, насловен како „Есенски бакнежи и прегратки, секс скаутс и рок енд рол”.

За случајот реагираше ХЕРА, Асоцијацијата за здравствена едукација, која апелира за итно постапување на институциите по допрен глас и за целосно расветлување и разрешување на случајот поврзан со извидничкиот настан.

За расветлување на овој случај се вклучени и МВР и Обвинителството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ