среда, 20 мај 2026

30 отсто од граѓаните на возраст од 18 до 39 години вакцинирани со барем една доза

Објавено на

часот

Сподели

„На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 761.579 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.728 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 15.424 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.397.773 дози вакцини, а ревакцинирани се 636.193 граѓани“, велат од Министерството.

Преку соопштението јавноста се потсетува дека граѓаните без закажан термин можатг да се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктовите низ државата, додека децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител или старател.

Министерството и овојпат нагласува дека вакцините се безбедни и ефикасни и дека се единствениот начин да се победи пандемијата.

„Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата“, нагласува Министерството за здравство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ