Новозаразени во Скопје се 93 лица, Куманово – 25, Прилеп – 13, Битола – 12, Кратово – 7, Кавадарци и Демир Хисар – по 5, Тетово и Крива Паланка – по 4, Велес, Охрид, Струга и Свети Николе – по 3, Струмица, Кичево и Гевгелија – по 2, Штип, Кочани, Ресен и Радовиш – по 1 .
Оздравените пациенти се од Скопје – 138 , Куманово – 23, Штип – 19, Битола – 15, Кавадарци – 14, Крива Паланка – 12, Свети Николе – 11, Кочани – 9, Прилеп – 8, Велес и Кичево – по 7, Ресен – 6, Гевгелија и Берово – по 4, Радовиш и Гостивар – по 3, Кратово, Неготино и Пробиштип – по 2, Демир Хисар, Струмица, Валандово и Демир Капија – по 1.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, нема пријавени починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 1.299.826 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 192.478, бројката на оздравени пациенти е 173.625, на починати е 6.704, а бројот на активни случаи изнесува 12.149, соопшти Мнистерството за здравство.






