Според податоците објавени на сајтот на Здравствениот центар во Врање, до 2 јули годинава вкупниот број на дадени прва и втора доза на сите достапни вакцини изнесува 68.548.
Од нив бројот на вакцинирани српски граѓани со првата доза е 27.291, бројот на вакцинирани македонски граѓани со првата доза е 10.390, додека бројот на вакцинирани граѓани на Република Босна и Херцеговина е пет граѓани.
Бројот на вакцинирани граѓани на Република Србија со втора доза е 26.678, бројот на граѓани на Македонија кои се вакцинирале со втората доза изнесува 4.179 и пет државјани на Република Босна и Херцеговина.
Најголем број македонски граѓани во Врање се вакцинирале со кинеската вакцина Синофарм, додека помал број ја добиле вакцината на Фајзер.






