сабота, 16 мај 2026

Фудбалерите на Вардар ќе поделат премија од 250.000 евра

Вардар синоќа ја завери шампионската титула, црвено-црните се вратија на тронот, а за таквиот успех следува и премија од страна на раководството.

Објавено на

часот

Сподели

За освоената шампионска титула вардарци ќе поделат премија од 250.000 евра.

Клубот ќе организира и прослава за шампионската титула на која ќе може да присуствува секој кој сака, а таа ќе се случи по последното коло против Шкендија.

По тој меч фудбалерите на Вардар ќе заминат на одмор, а во строј ќе се вратат на 8 јуни за кога е закажан почетокот на подготовките за следната сезона.

Главните подготовки ќе се одржат во Норчиа, Италија.

Во меѓувреме раководството ќе ангажира неколку нови засилувања со кои треба да се создаде посилен тим за европските предизвици, но и за одбрана на титулата следната сезона.

Гоце Седлоски против Шкендија за последен пат ќе го води Вардар, а потоа кормилото го презема Аргентинецот Кристијан Фабиани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ