Веројатно ќе се чека да поминат претседателските избори кои ги најави Флорентино Перез, а на кои се очекува дека тој лесно ќе победи и ќе добие нов мандат.
Доаѓањето на Мурињо во Реал Мадрид сега единствено може да го спречи пораз на Перез на изборите, нешто што е многу малку веројатно.
Мурињо пак ќе добие шанса да работи на највисока сцена, а Перез смета дека на тимот му е потребен токму таков човек откако Алонсо и Арбелоа не успеаа да ја контролираат соблекувалната.






