Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев вели дека постапката за преадаптација е речиси на самиот крај. Посочува дека планот е во првата фаза да се префрлат амбулантите од применото одделение, а потоа и останатите специјалистички амбуланти.
„Наша цел е да се направи реконструкција и преадаптација за прегледи преку ‘Мој термин’. Речиси 90 проценти од целата процедура е завршена, имаме пуштено барање до Управниот одбор на Фондот за здравство и чекаме одобрување на потребните финансиски средства.Во план ни е процедурата да започне и да се заврши што е можно поскоро“, вели Захариев.
Истакнува дека заедно со Општина Штип ќе се уреди и просторот околу модуларната болница, односно да се изгради паркинг и пристап до самиот објект.
Според анализите на Клиничката болница-Штип, лани низ сите амбуланти се прегледани над 150.000 пациенти, а најголем метеж има на ортопедија и на хирургија.
„Ортопедија, хирургија, нтерна медицина, веврологија, кардиологија е најголемата гужва. Само до септември 2024 година на ортопедија имало над 24.000 прегледи. Тоа се должи на големата заложба на овие доктори, а ги има само четворица“, вели Захариев.
По завршување на пандемијата модуларната болница се затвори, а неколку пати беше и мета на крадци.