сабота, 15 ноември 2025

Мицкоски до Фон дер Лаен: Македонија од ЕУ очекува јасна посветеност

Eвропската перспектива на Македонија, напредокот на реформските процеси, економската соработка, енергетската безбедност и дигиталната трансформација беа темите на денешниот разговор на премиерот Христијан Мицкоски со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, во рамки на нејзината балканска турнеја.

Објавено на

часот

Сподели

Премиерот Мицкоски ја истакна решеноста на Владата да ја забрза евроинтеграцијата на државата преку конкретни резултати и исполнување на европските стандарди. Тој посочи дека државата очекува од Европската Унија јасна и конкретна посветеност, како потврда на европската перспектива и поддршка за граѓаните кои со децении остануваат посветени на европските вредности.

Посетата на претседателката на Европската комисија претставува потврда на отворениот дијалог и заемната подготвеност за продлабочување на партнерството, во интерес на стабилноста, економскиот развој и европската иднина на земјата, соопшти Владата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ