вторник, 18 ноември 2025

Хрватите во Македонија основаа партија

Вчера вечер, Партијата на Хрватите во Македонија (ПХМ) ја одржа свечената промотивна конвенција на која присуствуваа претставници на Владата на Македонија, амбасадорката на Хрватска во Македонија, Нивес Тигањ и воедно пратеник на министерот за наворешни и европски работи, Гордан Грлиќ Радман, директори на институции, членови на дипломатскиот кор и бројни гости од јавниот и политичкиот живот, се наведува во соопштението од Партијата на Хрватите во Македонија,

Објавено на

часот

Сподели

Амбасадорката Тигањ во својот говор го честиташе основањето на ПХМ и посака успех во работата. Исто така ја истакна традиционално добрата и пријателска соработка помеѓу двете држави, подвлекувајќи ја важноста на заедничките европски вредности и поддршката што Хрватска ѝ ја дава на Македонија на патот кон Европската Унија.

Исто така имаше и видео обраќања со подршка за партијата од Адријан Вуксановиќ, пратеник во Собранието на Црна Гора и претседател на партијата Хрватска граѓанска иницијатива, Јасна Војниќ, пратеник во Саборот на Хрватска и претседател на Хрватскиот национален совет во Србија која се обрати и во име на претседателот на Саборот, Гордан Јандроковиќ и претседателката на Комисијата за Хрвати вон Хрватска, Здравка Бушиќ како и обраќање на Карло Реслер, пратеник во Европскиот парламент

На конвенцијата се обрати и претседателот на Партијата на Хрватите во Македонија Ненад Немет, кој зборуваше за стратешките цели на ПХМ, зачувување и унапредување на хрватскиот идентитет, јазик и култура, како и активното вклучување на Хрватите во политичкиот, општествениот и културниот живот на државата.

„Хрватите се лојални граѓани кои активно придонесуваат за општествениот развој и зајакнување на демократските процеси во земјата. Важно е да градиме мостови на соработка и меѓусебно почитување меѓу различните заедници во Македонија, при што Хрватите се горд дел од мултикултурното ткиво на државата. Конвенцијата претставуваше важен момент за натамошно јакнење на врските меѓу хрватската заедница и институциите во Македонија, како и поттик за понатамошна подобра соработка со Република Хрватска“, рече Немет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ