Како што соопшти собраниската прес-служба, Гаши посочил дека за Северна Македонија, како земја кандидат, Европската Унија не е само политички и економски блок, туку претставува посветеност на вредностите како демократијата, владеењето на правото, човековите права и солидарноста.
Собранискиот спикер истакнал дека и кога земјата се соочувала со најголемите предизвици, граѓаните не се поколебале во однос на членството во ЕУ.
Гаши нагласи дека слоганот на ЕУ „обединети во различностите“ најдобро ја опишува Македонија, а изрази и благодарност за Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, кој ветува значително подобрување на економскиот и социјалниот развој на државите во регионот и нивна поголема интеграција во ЕУ, стои во соооштението на собраниската прес-служба.






