среда, 15 април 2026

Железница се подготвува за транспорт на јаглен и мазут

Објавено на

часот

Сподели

Како што изјавил за МИА директорот Хари Локвенец, Железници Инфраструктура во соработка со ТЕЦ Неготино е во финална фаза за целосната реконструкција на колосекот до термоцентралата, со што ќе овозможи непречен и безбеден транспорт на сите потребни количини мазут во следниот период. Активностите за таа цел се споредуваат во изминатите две недели.

„Самоиницијативно, ЖРСМ Инфаструктура како општествено одговорна компанија пристапија кон подготовка на железничката станица ‘Никола Карев‘ во близина на Битола, која моментно не е во употреба, а претставува најблиската точка за логистичка поддршка на железнички транспорт на јагленот до РЕК Битола“, најави Локвенец.

Реконструкцијата, според него, ќе биде завршена во текот на неделава. Станицата не е во употреба поради малата фрекфенција, а ја подготвуваме за да биде најдобрата  логистичка поддршка за транспорт на јаглен. На ваков начин со камионски транспорт јагленот би се транспортирал само 10-тина километри.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ