среда, 15 април 2026

УЈП ќе блокира сметки, над 5 илјади фирми не им дале плата на вработените

Објавено на

часот

Сподели

Лукаревска рече дека е спроведена присилна наплата кај сите компании што ја злоупотребија државната помош, а кои беа објавени јавно од страна на Генералниот секретаријат на Владата, бидејќи тие беа исплени на средствата од финансиската помош за справување со последиците од пандемијата со ковид-19.

Во периодот од јануари до август годинава, прецизира Лукаревска, УЈП извршила 1.876 контроли на даноци или придонеси.

„Со констатирани неправилности се 836 контроли при што е утврден наод од 986.303.440 денари. Од нив 1.211 се врз основа на ДДВ, со утврден вкупен наод од 671.459.919 денари, 300 контроли врз основа на персонален данок на доход, односно данок на личен доход при што во 77 проценти од вкупниот број на контроли се утврдени неправилности во вкупен износ од 189.079.281 денар и 365 контроли на данокот на добивка при кои се констатирани неправилности кај 44 проценти од контролите со утврден наод во вкупен износ од 125.761.240 денари, односно речиси една милијарда денари од сите контроли“, потенцира Лукаревска.

За издавање и не издавање фискални сметки на територијата на целата држава, како што кажа, во првите осум месеци од годинава извршени се 1.729 контроли по однос на Законот за регистрирање готовински плаќања од кои 1.266 биле со констатирани неправилности, а 463 без неправилност. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ