
На денешната подготвителна седница се претставени вонредните механизми што РКЕ првпат ќе ги активира во кризна состојба.
Исто така, се чекаат и забелешките што ќе бидат доставени во писмена форма од енергетските компании, кои ќе бидат разгледани на главната седница и ќе биде донесена конечната одлука.
Новата цена на струјата за корисниците на регуларниот пазар ќе важи во првите шест месеци од наредната година, а сите енергетски компании веќе побараа зголемување на цената на електричната енергија.






