среда, 15 април 2026

Рио кафе инвестираше 1,3 милиони евра во нова технологија

Објавено на

часот

Сподели

Новата инсталирана технологија вклучува целосно решение за производство на кафе од печење и мелење до пакување на истото во нови модерни пакувања кои лесно се отвораат и лесно се затвораат со цел задржување на свежината и автентичниот вкус.

Заедно со новата инвестиција, претставени се и новите редизајнирани амбалажи на двата водечки кафе брендови, Браво премиум и Браво класик. Браво премиум е единственото кафе на нашиот пазар кое што е достапно во зипер пакување кое што го штити кафето од влага и воздух и овозможува секогаш да биде свежо и вкусно како штотуку отворено пакување. Иако амбалажата е нова, наградната игра продолжува и понатаму во сите пакување од 100, 200 и 500 грама Браво премиум.

Браво класик освен што доби модерен изглед и подобар квалитет, сега е достапно во амбалажа која лесно се отвора и лесно се затвора со што ја чува оригиналната свежина до последната лажичка кафе. Новите пакувања веќе се достапни во сите маркети низ државата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ