среда, 15 април 2026

Ресорт Маврово со нови содржини и поевтини сезонски ски карти

Објавено на

часот

Сподели

„Со помош на Проектот за локална и регионална конкурентност се направи реконструкција и надградба на постојното бачило Трифкова колиба. Зголемени се капацитетите на Трифкова колиба за 4 пати, бачилото има поголема кујна и е проширен за уште еден кат, со убав галериски поглед и излез на пространа тераса“, вели Огњан Циговски, директорот на Ресорт Маврово.

Онлајн купената карта се подигнува на билетарата на Скијачкиот центар на Ресорт Маврово, по предавање на ваучерот каде се врши фотографирање на лицето на кое гласи ски картата и се врши идентификација на ова лице.

„И оваа година одлучивме да излеземе со Super Early Bird промоција со пониски цени за нашите клиенти. На тој начин, овозможуваме повеќе граѓани да се најдат на нашите терени и да уживаат во прекрасната мавровска идилa. Доколку, поради пандемијата не почне скијачката сезона, тогаш ние стопроцентно ги враќаме уплатените средства“, објаснува Циговски.

Повратот на цените за ски картите ќе се реализира во април 2022 година. Доколку скијачкиот центар овозможи скијање до 20 дена, тогаш уплатените пари не се враќаат.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ