
Според податоците на Државниот завод за статистика, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во август во споредба со јули се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 1,1 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија за 2,4 отсто.
Во споредба, пак, со минатогодишниот август во секторот Рударство и вадење на камен се повисоки за 20,7, а во секторот Преработувачка индустрија за 16,2 отсто.
Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во август годинава во споредба со претходниот месец се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 0,8 отсто, во секторот Преработувачка индустрија за 1,9 и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,0 отсто, додека во споредба со минатогодишниот август се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 18,5 отсто, во секторот Преработувачка индустрија за 13,3 и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 21,3 отсто.






