среда, 15 април 2026

Поддршката од САД преку грантот за партнерство зголемена за 3,5 милиони долари

Објавено на

часот

Сподели

Со потпишаните два анекса на Договорот се зголемува износот на грантот за дополнителни 3,5 милиони американски долари, односно вкупниот износ на доделени средства оваа година од овој грант изнесува 11,8 милиони американски долари. Овие дополнителни средства се наменети за зајакнување на економската конкурентност и борба против корупцијата.

Како што соопшти Министерството за финансии, Договорот за грант за партнерство за развој е во согласност со Стратегијата за развој и соработка 2020-2025 година со кој се предвидени вкупно 56,6 милиони американски долари. Овие средства се наменети за трите развојни цели преку кои УСАИД и помага на Македонија да има водечка улога во остварување на нејзиниот развој, како најнов сојузник и 30-та земја членка на НАТО, како и при почнување на преговорите за пристапување во ЕУ.

САД преку УСАИД досега во земјава за развој има инвестирано над 833 милиони американски долари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ