вторник, 14 април 2026

Почина бизнисменот Адем Кочан

Објавено на

часот

Сподели

Роден е во 1955 година, во Рожаје, Црна Гора. Со неговото семејство се преселиле во Скопје, каде завршил основно и средно образование, како и Економски факултет. По дипломирањето почнува да работи во тогашната Служба за општествено книговодство како финансиски инспектор. Во 1990 година ја отвора фирмата „Канет-компани” која што се занимава со консалтинг и книговодствени услуги. Веќе од првите години се покажува како успешен бизнисмен по што следи и развојот на фирмата и ширењето на дејноста во областите на земјоделството, градежништво, угостителство…

За својата работа добивал и бројни признанија. Во 2009 година неговото претпријатие „Агро Канет” беше прогласено за најуспешно во изборот на Македонската развојна фондација за претпријатија. Во 2017 година во Сараево го доби признанието за „Најменаџер на регионот”. Беше и еден од основачите на Сојузот на стопански комори на Македонија. Во текот на својата работа често бил и донатор и учесник на повеќе хуманитарни акции.

Погребот ќе се одржи денеска на градските гробишта во Бутел во 14.30.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ