среда, 15 април 2026

Нова понуда од А1 Македонија за припејд мобилната телефонија

Објавено на

часот

Сподели

А1 Македонија воведе нова исклучително поволна понуда за корисниците во мобилната припејд телефонија креирана да одговори на корисничките потреби за зголемено количество мобилен интернет, сурфање на социјалните мрежи, неограничени разговори и СМС.

Со еден од новите припејд пакети, XL, корисниците можат да уживаат уште повеќе поволности и да добијат можност за уште повеќе комуникација цел месец. Имено, со активирање на месечниот пакет XL корисниците добиваат можност за неограничено сурфање на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм, Тикток, Твитер, Меценџер и Ватсап, неограничени разговори и СМС-пораки кон сите национални мрежи и 5ГБ интернет за опуштено сурфање, цел месец, за 499 денари месечно.

Сите А1 припејд корисници месечниот пакет XL можат да го активираат преку апликацијата Мојот А1 или со испраќање СМС-порака со текст XL на бројот 1474. Пакетот ќе биде достапен за користење откако корисникот ќе добие потврда преку СМС-порака.

Новото портфолиото е составено и од месечниот пакет L со неограничени разговори и СМС кон сите национални мрежи, месечен пакет M со неограничени разговори и СМС кон A1 и 2ГБ интернет и месечен пакет S со неограничени разговори и СМС кон A1.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ