среда, 15 април 2026

Николов од ВМРО-ДПМНЕ: МЕПСО тоне во долгови, ама за авиобилети има пари

Објавено на

часот

Сподели

„Во август се потпишува договор за авио билети, кога е јасно дека криза галопира во Македонија. Се троши на авио билети иако 2020-та година во МЕПСО се акумулирани загуби од 6 милиони евра. За да биде појасно, преносот на електрична енергија е  регулирана дејност. Тоа значи дека ако компанијата се менаџира домаќински, не смее и не може да има загуби.

Ова покажува дека во МЕПСО, компанија каде со години владее превработеност, непотизам и нестручност, не им е важно што народот едвај врзува крај со крај, не им е важно што во секој момент се очекува зголемување на цената на струјата. Најважно од сé е вработените на МЕПСО да може да патуваат. И тоа на грбот на македонскиот граѓанин“, изјави Горан Николов, член на комисијата на ВМРО-ДПМНЕ за енергетика.

Тој на прес-конференцијата побара одговорност за ова.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ