среда, 15 април 2026

На пазарот на трудот има голем број работоспособно население, кое не ги задоволува потребите на пазарот

Објавено на

часот

Сподели

Најголем дефицит на кадар, според претседателката на ОРМ, Владанка Трајковска, има во електро-индустријата и во угостителството. Смета дека се потребни реформи во образовниот систем за поголем број практични часови, а работодавачите да ги оспособат своите капацитети за повеќе пракса кај учениците.

„Моментално на пазарот на трудот има голем број работоспособно население, кое не ги задоволува потребите на пазарот. Потребни се директни реформи, кои секако се болни и долготрајни во делот на образовниот систем. Работодавачите да ги оспособат своите капацитети за поголем број практичкни часови, а образовниот систем да го пренамени образовниот процес во делот на практиканството“, истакна Трајковска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ