среда, 15 април 2026

Модерни пакувања на производите на Слога пром

Објавено на

часот

Сподели

Новата амбалажа согласно стандардите за пакување на овој тип производи е со исклучителен квалитет и издржливост при ниски температури, бидејќи ниската пропустливост на топлина и светлина е особено важна за замрзнатите производи.

„Подобрувањето на производите и поместувањето на границите на категоријата во која работиме отсекогаш бил приоритет во корпоративната стратегија на Слога пром. Континуираното подобрување во работењето и постојано воведување нови производи според барањата на пазарот прават да бидеме прв избор на потрошувачите. Во таа насока е и воведувањето нов дизајн на пакувањата, со што се оддалечивме од индустрискиот изглед што преовладува кај овој вид производи на пазарот, и додадовме повеќе бои и модерен дизајн на кој инаку не сме навикнати за месото и производите од риба. Со новиот изглед на амбалажата продолжуваме да ја следиме нашата поставена визија за инвестирање и следење на трендовите и барањата на потрошувачите. Со оваа нова инвестиција уште еднаш ја нагласуваме нашата позиција како најдобра компанија во својата категорија“, вели Ласко Јованов, генерален менаџер и косопственик на Слога пром.

Слога пром од Кавадарци е компанија која над 30 години е присутна на македонскиот пазар и перманентно работи на задоволување на потребите на современиот потрошувач, применувајќи ги најновите знаења и стандарди за пласман на квалитетна и здрава храна. Портфолиото на компанијата е богато и разновидно, исполнето со тоа што е барано на пазарот и од потрошувачите. Пакуваните производи под брендот Слога вклучуваат риба, пилешко, свинско и говедско месо. Моменталната бројка на пакувани производи од брендот Слога е петнаесетина, со годишен капацитет од околу 3.500 тони. Исто толку разновидна е и понудата од рефусни производи како пилешко, свинско и јунешко месо, риба, помфрит, зеленчук, овошје, млечни производи и растителни масла.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ