среда, 15 април 2026

Мицкоски: За 10 дена потрошија над 12 милиони евра за увоз на струја, а нема одговорност

Објавено на

часот

Сподели

Мицкоски рече дека предупредувал уште од мај или јуни дека ќе се случи ваква криза, но како што нагласи, тврдоглавата и самобендисана Влада тоа не го сфатила сериозно и ги игнорирала предупредувањата.

„Јас сум убеден дека тие се неспособни да излезат од оваа состојба во која што сега се наоѓаат, а притоа да не потрошат многу пари од граѓаните. Веќе потрошија 4 милијарди денари, односно 65 милиони евра, а зимата е пред нас. Единствениот начин во моментот за нив е да ја пребродат зимата со трошење на пари од граѓаните. Прашањето е дали ќе има одговорност, затоа што ние еднаш плаќавме кога овие картели се здружуваа за да местат тендери во РЕК Битола и да се богатат на грбот на граѓаните, а сега втор пат плаќаме поради нивната неспособност да ги произведат количините електрична енергија кои што им се неопходни на граѓаните да ја поминат зимата. За жал тие од власта нема да ги платат парите, туку тоа ќе го сторат од џебот на народот. Затоа, час  поскоро нѝ се потребни предвремени парламентарни избори”, рече Мицкоски во населбата Илинден бидејќи таму се гради училиште.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ