недела, 26 јули 2026

Мицкоски: Прво откуп на домашното производство на тутун, па увоз, ќе иницираме измени во законот

Објавено на

часот

Сподели

Според него не смее да има увоз се додека не се откупи од домашните производители.

„Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ од пелагонискиот регион имаа една прес конференција на која информираа дека ќе иницираме предлог закон во парламентот со кој ќе се забрани увоз на тутун се додека и последното ливче тутун од македонските производители  не биде откупено”, рече Мицкоски.

Мицкоски кажа дека има информации за злоупотреби при откупот.  

„Ги повикувам и луѓето од земјоделскиот инспекторат да ги посетат откупните центри и да го видат однесувањето на откупувачите и да поразговараат со луѓето кои го продаваат тутунот бидејќи има индиции за големи злоупотреби”, посочи Мицкоски.  

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ