среда, 15 април 2026

МЕПСО ги отфрла обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за набавка на авиобилети и бара извинување

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа значи дека предмет на плаќање согласно овој рамковен договор ќе бидат патувањата што ќе се реализираат во тек на три години.

Во оваа прилика сакаме да ѝ појасниме на партијата ВМРО-ДПМНЕ дека ваков договор за набавка на авиобилети не се потпишува затоа што некој решил да шета, туку исклучиво за стручните луѓе од компанијата кои учествуваат на фабрички прием и тестирање на опрема која ќе биде вградена во капиталните инвестиции кои ги изведува нашата компанија од типот на интерконекцијата Македонија-Албанија и реконструкцијата на далекуводите, како и за учество на седниците на комитетите на ЕНТСО-е (Европска мрежа на преносни систем оператори на електрична енергија). Овој вид тестирања на опремата се врши во земјите на производство на опремата  и средствата за реализација на овие патувања се планирани според потребите и инвестициските планови на АД МЕПСО.

Посочуваме дека од предвидената сума со рамковниот договор, до 31.10.2021 АД МЕПСО има исплатено 0 (нула) денари по основ на овој договор“, пишува во реакцијата од МЕПСО.

Од таму додаваат дека компанијата во континуитет е предмет на неосновани напади од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а денешното обвинување е последното во низата кое, како што велат, само по себе е парадоксално ако се знае дека на пример договорот за 2013-2016 година бил потпишан за набавка на авио билети во износ од 150.000 евра а се однесувал на две години.   

МЕПСО бара извинување од ВМРО-ДПМНЕ за „денеска изнесеното тендециозно обвинение“ и најавува дека нивниот правен тим во секој случај ќе превземе соодветни правни мерки во интерес на заштитата на угледот и реномето на компанијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ