Министрите за финансии на ЕУ во Ликсембург одлучија Ангвила, Сејшели и Доминика да ги избришат од „црната листа“ и да ги додадат на „сивата листа“, откако трите земји се согласија да ги прегледаат своите даночни системи. „Црната листа“ на ЕУ беше воспоставена во 2017 година со цел да се потисне растечката даночна евазија и редовно се ажурира со држави кои не ги исполнуваат критериумите за даночна транспарентност.
Девет „јурисдикции“ сѐ уште се наведени како „некооперативни“, како што се Американска Самоа, Фиџи, Гуам, Палау, Панама, Самоа, Тринидад и Тобаго, американските Девствени Острови и Вануату. Ангвила, Доминика и Сејшелите сега се наведени како јурисдикции кои сѐ уште не се во согласност со сите меѓународни даночни стандарди, но се посветени на принципите на добро даночно управување.
На „сивата листа“ се додадени и Костарика, Хонг Конг, Малезија, Северна Македонија, Катар и Уругвај, додека Австралија, Есватини (поранешен Свазиленд) и Малдиви се отстранети од неа по реформата на нивните даночни системи.






