среда, 15 април 2026

Македонецот како за лек троши 1 килограм мед годишно, Јапонецот јаде 16 килограми

Објавено на

часот

Сподели

На штандовите поставени долж улицата „Македонија” во центарот на Скопје, посетителите имаат можност да дегустираат и да купат различни видови мед, полен, восок и други производи од наши македонски пчелари.

„Бараме, како тутнот, грозјето и други земјоделски производи, и пчелите и медот да бидат законски заштитени и гарантирани. Општо е познато што пишуваат странските медиуми за нашите природни услови, кои се исклучително наклонети за производство на квалитетен мед. Со тоа можеме да се гордееме, но треба и да го сочуваме“, рече претседателот на пчеларското здружение „Матица”, Венче Билбиловски.

Тој истакна дека денес, за жал, сѐ поприсутен е мед кој се меша со различни сирупи за да се добие профит. Со тоа се уништуваат неговите природни својства, а кај луѓето се јавуваат аномалии и најразлични заболувања.

„Нам, на пчеларите, нѝ останува да ја вратиме довербата кај потрошувачите, а тоа можеме да го направиме само со едукација и со поддршка од надлежните институциии. Најважна наша цел е преку непосредни контакти, да ги едуцираме граѓаните како да препознаат вистински мед во напливот на фалсификати, но сакаме да укажеме и колкава е важноста на медот во секојкдневната исхрана“, подвлече Билбиловски.

Министерот за земјодлество, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, кој ја отвори манифестацијата, рече дека да се има сопствен македонски мед, а притоа и автохтон вид македонска пчела, е причина за гордеење, дополнително, ако се знае дека нашиот мед на сите светски манифестации, саеми и натпревари ги добива највисоките награди, како потврда за неговиот квалитет.

Хоџа нагласи дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) силно го поддржува развојот на пчеларството, а уште една можност за развој на оваа гранка е и ИПАРД 2 програмата преку која се склучени 46 договори со вкупна финансиска поддршка од околу 120 000 евра.
Неодамна, додаде министерот, беа исплатени и субвенциите за пчеларство во износ од 3,2 милиона евра.

„За поголема поддршка, овозможивме пчелари со пет пчелни семејства да се регистрираат и да аплицираат за добивање субвенции. Овозможивме субвенција од 1.000 денари по пчелно семејство кое е во контрола и е вклучено во селекција за производство на пчелни матици, а во насока на стимулирање на органско производство на мед овозможивме дополнително плаќање од 50 проценти. Со мерката за рурална жена и млад земјоделец, овозможивме уште еден дополнителен стимул за развој на пчеларството. Според досегашните информации од Платежната агенција, интересот е голем особено кај младите земјоделци. Жените земјоделки, пак, преку Правилникот за продажба од куќен праг, можат на легален начин да ги продаваат медот и пчелните производи што, исто така, е уште еден мотив да се одбере пчеларењето како важна сточарска гранка со голем потенцијал“, рече Хоџа.

На манифестацијата уште еднаш беше истакнато дека медот е најздравата храна и најдобриот природен лек.

„Медот никогаш не се расипува и е исклучително богат со минерали, витамини и антиоксиданси поради што се вбројува во суперхрана и супер лек“, велат производителите – изложувачи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ