Притоа, Друштвото има раст во сите класи на осигурување, а најмногу во класата доброволно здравствено осигурување, каде заклучно со третиот квартал од годинава има 16% пазарно учество. Кроација осигурување е единствена и прва компанија која на пазарот воведе покритие за трошоци за лекување поради ковид-19 со што на клиентите им обезбеди заштита на она што во моментов претставува најголема потреба.






