среда, 15 април 2026

Кои работи треба да ги барате при избор на осигурителна компанија?

Објавено на

часот

Сподели

При избор на осигурителна компанија, многумина се одлучуваат за понуда за осигурување со најевтина цена. Се разбира, важно е колку трошите на премијата за осигурување, но има и други фактори што треба да се земат предвид. Еден од нив е избор на полиса која нуди токму она што најмногу ви одговара. Затоа е многу важно да се направи споредба на понудите и да се утврдат придобивките од различните понуди.

Секоја полиса за осигурување има различно покритие и придобивки за осигуреникот. Факти што треба да се земат предвид при споредување на понудите за осигурување се видот на осигурување, обем на покриеност, сопствено учество во штета – франшиза, начин на склучување договор, како и максималниот потенцијален износ што осигурителната компанија треба да го плати. Можете да се осигурате од разни непредвидени настани: штети во домот, кражби, природни катастрофи, пожари, поплави, губење багаж за време на патување, повреди на работа, а може да обезбедите и повисоко ниво на здравствено осигурување за себе и своето семејство.

Во секој случај, кога потпишувате договор за осигурување мора точно и целосно да бидете информирани за специфичниот вид осигурување и да бидете свесни што точно тоа обезбедува како финансиска заштита за платената премија. Затоа треба да склучите само договор за осигурување што го разбирате и точно знаете кои се вашите права и обврски, но и правата и обврските на осигурителната компанија.

Едно е сигурно – вистинската осигурителна компанија за вас е онаа што ви обезбедува соодветно покритие со квалитетни производи и разумни цени на осигурување, а во исто време има добра репутација за услугите и финансиска можност да ги исполни своите обврски.

Токму таква компанија е Кроација осигурување која во својата понуда вклучи и три осигурителни пакети – CRO START, CRO SMART и CRO SUPERIOR. Овие пакети претставуваат комбинација од различни видови осигурувања кои се најбарани, така што секој може да одбере она што смета дека му е најважно да го осигура. Пакетите содржат и гратис производи, а истовремено обезбедуваат и дополнителни бенефити и голема заштеда за клиентот. Основниот пакет CRO START ги содржи осигурувањата кои најмногу ги користат клиентите – домаќинско осигурување, каско осигурување на патнички возила и осигурување од незгода, индивидуално или семејно. Пакетот CRO SMART вклучува домаќинско осигурување, осигурување од незгода и дополнително здравствено осигурување CROCARE коe покрива 100% трошоци за здравствени услуги во приватни здравствени установи, различни во зависно од пакетот. Пакетот CRO SUPERIOR, пак, вклучува домаќинско, каско и здравствено осигурување, а гратис следува осигурување од последици од незгода.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ